Нови правила на СП: Играч може да добие црвен картон и во соблекувална!?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Претстојното Светско првенство во Русија кое стартува за 15 дена ќе биде историско од аспектот на судењето, откако низ историјата еден куп грешки на арбитрите директно влијаеле на резултатите, па ФИФА одлучи да ја воведе ВАР-технологијата, како дополнителна помош за луѓето во црно.

 

Откако во Бразил беше иновацијата со спрејот со кој се обележуваа местото на изведување на прекините, но и линијата каде треба да стои живиот ѕид, сега во Русија ќе има нова иновација. Така за време на мечот, фудбалер може да биде исклучен и ретроактивно, односно подоцна да добие црвен картон иако прекршокот за исклучување го направил порано, а судиите тоа не го забележале.

 

Така, судиите кои ќе бидат во комуникација со ВАР-технологијата ќе добиваат дополнителни совети за „скриени прекршоци“, па во пракса, тие би можеле да исклучат фудбалер и за време на паузата помеѓу двете полувремиња во – соблекувалната.

 

Како што е објавено, ако играчот заслужил црвен картон, а судијата тоа не го примети, ВАР ќе го предупреди судијата дека има таков прекршок и ќе му даде совет да го исклучи истиот пред стартот на вториот дел. Ако мечот почне пред ВАР да ја донесе одлуката, казната ќе се префрли за периодот по тој меч.

 

Покрај оваа новина, на фудбалерите и на стручниот штаб ќе им биде забрането да гестикулират на секој спорен момент со барање за повикување на ВАР-технологијата. Казна за такво нешто ќе биде жолт картон, а ФИФА на овој начин сака да спречи беспотребен притисок врз арбитрите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи