Рускиот новинар Бабченко, кој беше силен критичар на Путин е убиен во Киев

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Рускиот новинар, Аркади Бабченко e убиен во Киев во својот стан, соопшти украинската полиција и наведе дека најверојатно бил мета поради својата работа.

 

Неговата сопруга го пронашла ранет и повикала служба за Итна медицинска помош, но тој починал по пат.

 

Шефот на киевската полиција изјавил дека „прва и најочигледна верзија“ е дека врз Бабченко било пукано поради неговите професионални активности.

 

Претставникот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) за слобода на медиумите на неговиот твитер-профил напиша дека е згрозен од убиството на Бабченко и ги повика украинските власти итно да спроведат истрага.

 

Русија исто така побара од украинските власти да вложат максимален напор за да го истражат убиството.

 

„Врз основа на информациите од Киев, како последица на вооружен напад во Киев е убиен руски државјанин, новинарот А.А. Бабченко, со престојувалиште во Украина. Бараме од украинските власи да вложат максимален напор во оперативната истрага. Сметаме, исто така дека соодветни меѓународни инстанци ќе го контролираат текот на истрагата“, наведуваат од руското МВР.

 

Бабченко беше голем критичар на Путин, а неговите текстови предизвикуваа големи реакции во Русија. Во еден од нив напиша дека не жали поради смртта на рускиот хор кој настрада во авионска несреќа во декември 2016 година, поради што поединци бараа да му се одземе и руското државјанство.

 

Тој ја напушти Русија во 2017 година, изјавувајќи дека добива закани и дека се плаши дека може да биде уапсен. Лани тој се пресели во Киев и работеше за телевизијата „АТР“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи