Силна бура го погоди западниот дел на Германија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Силна бура го погоди западниот дел на Германија, а најлошо беше во градот Вупертал во Северна Рајна-Вестфалија.

 

Снимките од областа покажуваат хаос на улиците. Поројниот дожд ги потопил улиците и ги претворил во река што носи сè пред себе, па дури и луѓе.

 

 

Како што јавува Билд, поројните дождови и поплавите ги уривале дури и покривите на некои куќи и бензински пумпи, уништени се десетици автомобили, а луѓето се заглавени во трговските центри. За сега нема информации за жртви.

Спасувачките служби се обидуваат да излезат на терен и да интервенираат, но ситуацијата им ja отежнува работата.

 

Силно невреме го погоди и Дизелдорф, каде врнел и град, а метеролозите испратија предупредување за торнадо.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи