Лавров се сретна со Ким Џонг Ун во Пјонгјанг

Facebook
Twitter
Email
Print

Севенокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го прими рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во неговата резиденција во Пјонгјанг. За време на посетата, Лавров  разговарал со лидерот на Северна Кореја за понатамошната иднина на нивната атомска програма, јавува руското Министерство за надворешни работи.

 

Лавров и Ким ветија дека ќе направат сѐ што можат за да продолжат мировните преговори за „одврзување“ на корејскиот јазол. Следната средба би можела да биде во Москва, а Лавров го покани Ким Џонг Ун да ја посети Русија.

 

„Би биле среќни доколку дојдете да нѐ посетите“, кажа Лавров, а Ким за возврат испрати поздрав до рускиот претседател Владимир Путин.

 

Лавров е првиот претставник на Русија кој се сретнува со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесуваат руските медиуми.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи