Катимерини: На маса е „Северна Македонија“

Република Северна Македонија се издвојува како најсериозен предлог за решение на спорот за името, пишува грчкиот весник Катимерини во текстот објавен на своето електронско издание утрово.

Според Катимерини, во игра се уште две имиња од пакетот на Нимиц, но двете страни најблиску до договор се околу терминот северна Македонија. Конечна одлука ќе падне по телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас за кој Катимерини вели дека ќе се случи многу скоро.

 

Заменик министерот за надворешни работи во Владата на Ципрас утрово во интервју за грчката телевизија Скај вели дека доколку во Скопје има подготвеност да се прифатат грчките услови, тогаш договор може да има, изразувајќи надеж дека тој ќе биде прифатен од мнозинството во Собранието и општеството.

 

„Договорот треба да биде заемно прифатен, тоа е значењето на договорот, дека е прифатен од двете страни. Сметам дека договорот што ќе дојде, ќе ги има карактеристиките што ги постави нашата земја. Сложено име, ерга омнес, уставна ревизија. Еден договор со овие карактеристики е во национален интерес и верувам дека ќе биде поддржан од мнозинството и во парламентот и во општеството, бидејќи не само што го решава прашањето на таков начин што нема да постојат конфликти, туку сите теми се разјаснети, нема да има прашања за кои ќе речеме оставете ги за во иднина и за кои би се отворило поле на конфликти. Ќе биде одржлив, комплетен договор“.

 

Премиерите Заев и Ципрас прават напори да постигнат договор пред 28 јуни за кога е закажан Самитот на Европската Унија на кој треба да се реши дали Македонија ќе добие датум за старт на преговорите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien