Легендарното пончо на Рамбо не било предвидено во сценариото

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне сподели на Instagram анегдота од снимањето на легендарниот филм „Рамбо“ од 1982 година во кој ја играше главната улога и беше косценарист.

 

Неговото препознатливо пончо не било предвидено со сценариото, туку се нашло во филмот бидејќи на актерот му било ладно на снимањето на локацијата.

 

„Ова го знаат многу малку луѓе, но во северна Канада беше некој степен над нулата и јас не бев подготвен за тоа. Во шумата најдов еден ‘рѓосан камион што сигурно стоел таму 30-тина години и во него најдов старо, речиси искинато платно. Зедов нож, пресеков отвори и го претворив во пончо, што ме спаси од студот и ладниот дожд“, напиша актерот напоменувајќи дека тоа не било во сценариото.

 

 

Истото тоа пончо подоцна беше продадено за 60.000 долари на аукција.

 

Сталоне (72) уште е во одлична форма и повторно ќе ја игра улогата на Рамбо, во новото продолжение што се очекува да има премиера во 2019 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.