Најскапите и најевтините градови за живот во светот

Швајцарскиот финансиски центар Цирих и понатаму е најскапиот град за живот меѓу светските градови, следен од Женева, а листата на првите 3 градови ја затвора Осло. Четвртиот е Копенхаген, и петти Њујорк, додека најевтин е египетскиот Каиро, се наведува во годишната листа на швајцарската банка UBS.

 

Меѓу 77 рангирани градови, Лос Анџелес е оценет како најдобар во смисла на куповна моќ за просечна работничка плата. Жителите на Лос Анџелес можат да си дозволат за четвртина повеќе во споредба со жителите на Њујорк, се наведува во студијата. Според факторот куповна моќ, Цирих е на второ место, Њујорк на десетто, а Лондон на 23-то.

 

Споредувајќи ги податоците за 11 најголеми градови, UBS пресметала кој од градовите е најдобар за помлади жители, во смисла на купување работи кои денес „мора да се имаат“, вклучувајќи ајфон, лаптоп и претплата на „Нетфликс“. Според овој параметар, најскап град е Хонгконг.

 

Млада двојка која навечер излегува на вечера, нарачува едно шише вино и посетува кинопроекција, најмногу ќе плати во Токио, Њујорк и во Стокхолм, а најповолни за излегување се Прага, Мексико Сити и Рио де Жанеиро.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.