Претседателот Иванов не прифаќа ерга омнес решение

Претседателот Ѓорге Иванов лично беше информиран од шефот на дипломатијата за преговорите околу името, по што тој, го повтори ставот дека не прифаќа решение за името за севкупна употреба.

 

Иванов по средбата преку соопштение подвлече дека Димитров усно информирал за последните случувања со преговорите, без притоа да приложи каков било писмен документ. Според Иванов непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.

 

„Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, се пренесува во соопштението изјавата на Иванов.

 

Во меѓувреме грчката влада преку соопштение го повтори својот став за ерга омнес решение.

 

„Ставот на Грција е јасен. За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“, се енаведува во соопштението од грчката влада.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien