Вечерва со почеток во 20.00 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ се одржа целовечерен концерт на мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ – Скопје. Хорот “Драган Шуплевски” при ФМУ Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на РепубликаМакедонија.
Сегашното име го добива во 2002 год. Во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Покрај своите редовни концерти, хорот учествува и во проекти заедно со другите ансамбли на ФМУ и на реномирани музички фестивали како „Мајски оперски вечери”, „Интерфест”, „Нишки хорски свечености”, “Мајски хорски конкурс”, “ВарсовиаКантат“ и.т.н. Репертоарот опфаќа композиции од ренесансата па се до најсовремени творби, како а-капела, така и вокално-инструментални композиции. Посебен настан секоја година претставуваат концертите на духовна музика во централните храмови на Македонската православна црква и католичката црква во Македонија.
Од концертите на хорот се направени и неколку ТВ и радиоснимки, а ФМУ издаде и ЦД.под диригентство на СашоТатарчевски. Својот квалитет и напредокот во последните неколку години хорот ги потврдува и со освојувањето на награди на меѓународни хорски натпревари, како во Варшава Полска, Римини Италија, Краков Полска …