За жал во Македонија транспортот на велосипед во воз се уште не е дозволен

Картата за превоз на велосипед во воз, во Хрватска, чини 2 евра, а во Црна Гора картата за велосипед чини 4 евра. Во Македонија транспортот на велосипед во воз за жал се уште не е дозволен. Од граѓанската иницијатива ПрилепНаТочак велат дека досега имале упатено повеќе барања за ова до Македонски Железници, но немале добиено позитивен одговор. Место за точаци ќе било предвидено во новите возови кои ќе се набавувале во иднина. Кога ќе биде тоа засега не се знае.

 

„И покрај дописите кои се испратени од страна на НаТочак – NaTochak БитолаНаТочак и ПрилепНаТочак дозвола за транспорт на велосипед во возовите на Македонски Железници Транспорт АД Macedonian Railways Transport JSC не е дозволен. Во последните дописи ни укажаа дека, при порачка на нови возови ќе се има во предвид да бидат порачани вагони каде ќе можат да бидат сместени велосипеди. Се надеваме дека во блиска иднина се тоа ќе се смени“, велат од ПрилепНаТочак.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien