Каја Здравеска од Прилеп го овои 4 место на интернационалниот натпревар по англиски јазик Hippo

Ученичката Каја Здравеска од ООУ „Кире Главрилоски-Јане“ од Прилеп се пласира во финалето на интернационалниот натпреварот по англиски јазик Hippo кој што се одржа на 12, 13 и 14 мај годинава, во Лидо Ди Јесоло, близу Венеција и го освои 4 место (со разлика со еден поен зад 3-тото и 2 зад првото).

 

Учениците што се пласираат поминуваат на прелиминарен и полуфинален натпревар. Од вкупно 25.000 пријавени ширум светот во финалето се пласираа 90 ученици од 10- 19 години од 30 земји во светот. Каја има 10 години и беше најмлада во најзината категорија (Hippo 1).

 

 

 

 

 

 

„Сметам дека одлично се справив со пристисокот и очекувањата како и целодневното тестирање таму. Најважно од што се е тоа што се дружев со други деца од различни култури, се забавув и ја видов Венеција,што ми беше голема желба. Сепак овие натпревари треба да се уживање и радост за нас децата, а не само себедокажување и себепотврдување“, вели 10 годишната Каја Здравеска.

 

Менторката Габриела Јосифоска- Домска ја поддржуваше и помагаше околу припремите, а патувањето го помогна и директорката на училиштето Кети Стевананџија.

 

Честитки за овој успех на Каја од редакцијата на Инфо Компас и се надеваме дека следната година таа повторно ќе се пласира и ќе не израдува со уште вакви успеси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien