Жестока ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, најмалку 25 загинати

Facebook
Twitter
Email
Print

Билансот на жртви од вчерашната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала се искачи на најмалку 25, објавија западните новински агенции. Во најголемата ерупција на вулкан во последната деценија во Гватемала повредени се се околу 300 лица, од кои дваесетина се пренесени во болница поради изгореници, а причинета е и голема материјална штета.

 

Од ерупцијата на вулканот се погодени околу 1,7 милиони луѓе, соопшти владата на Гватемала.

 


Вулканот Фуего, кој се наоѓа на околу 40 километри од Гватемала Сити, го покри со камења, чад и со лава селото Ел Родео во кое загинале и најголемиот дел од жртвите. Според сведоштвата на преживеаните, дел загинале заробени во своите куќи, а дел бегајќи од селото. Преживеаните се прекриени со дебел слој пепел, а телата на мртвите се расфрлани по улиците.

 


 

Регионот околу кратерот мораа да го напуштат над 3 илјади жители. Сите спасувачки екипи се на терен. Стотици полицајци, припадници на Црвениот крст и војската се распоредени за организирање на евакуацијата и поставување привремени засолништа.

 

Фуего е висок 3763 метри и е еден од најактивните во централна Америка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи