Македонска делегација на ЕБУ генерално собрание 2018

На 02.06.2018 год. во Белград, Р.Србија, се одржа генералното собрание на Европската Боксерска Унија Е.Б.У за професионален бокс во организација на Српската Професионална Боксерска Федерација на чело со генералниот секретар Лука Попович.

 

На ова собрание учествуваше македонската комисија, организација Про Бокс Македонија под водство на секретарот Дарко Чатлески. Про Бокс Македодонија е полноправен член на Е.Б.У од 2013 година.

 

На ова собрание беше спроведен избор на кој се гласаше за Претседател на Е.Б.У (со мандат од 4години) и избор на Управен одбор на Е.Б.У. (со мандат од 4години).

 

Реизбран беше досегашниот Претседател Боб Лоџист од Белгија, а во Управниот одбор беа избрани 3 нови директори и тоа: Џенсен Данска , Шчекутиев Русија , и Пуонс Монако

 

 

 

 

 

Целосна листа на Управниот одбор на Е.Б.У :

 

Mr Giles, UK,

Mr Guilani, Belgium

Mr Jensen, Denmark

Mr Stucki, Switzerland

Mr Augustin, Finland

Mr Becquelin, France

Mr Schekutyev, Russia

Mr Matas, Spain

Mr Apa, Italy and

Mr Puons, Monaco.

 

„Разговаравме со многу значајни личности од ЕБУ. Претседателот и дел од одборот се задоволни од досегашната работа на ПБМ во Македонија. Ги известивме дека планираме да организираме 2 до3 инернационални професионални бокс мечеви во Македонија до крајот на оваа година и притоа добивме целосна поддршка од страната на ЕБУ“, изјави Дарко Чатлески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи