Петнаесет членови на џ.к. „Бушидо“ од Прилеп викендов ќе учествуваат на 6-тиот по ред меѓународен џудо турнир „Сребрено езеро“ кој ќе се одржи во Велико Градиште, Србија.
Членовите од „Бушидо“ ќе се натпреваруваат во категоријата постари кадети и пионери.
Освен натпреварот се планира џ.к. „Бушидо“ да се збратими со домаќинот џудо клубот од Велико Градиште.
На истиот пак датум 10 јуни, друга група на џ.к. „Бушидо“ ќе одат во Битола на државното првенство за постари пионери и јуниори.