ВИДЕО – Во Прилеп нема епидемија на лајшманиоза, но има препорака за еутаназирање на заболените кучиња

Во Прилеп нема епидемија на лајшманиоза, вака денеска смируваа надлежните органи, кои одржаа координативен состанок во Општина Прилеп откако на социјалните мрежи граѓаните обвинија за појава на голем број заразени кучиња од оваа болест. Но сепак беше констатирано дека треба да се превземат итни мерки, за усмртување на заболените животни.

 

 

„Договорено е на средбата превенирана една ситуација од кинолошкото друштво дека добро би било заболените кучиња да се еутаназираат иако станува збор за крајно непопуларна мерка се со цел да се спречи живтоното и понатаму да биде преносител на ова заболување“, вели Моника Талеска, советник за односи со јавност Општина Прилеп.

 

Болеста од куче на човек се пренесува преку инсект сличен на комарец. Станува збор за премногу тешка болест чии симптоми може да се манифестираат дури неколку недели или месеци после каснувањето. Токму поради тоа и често се случува луѓето да не знаат дека се заразени.

 

„Дури подоцна после неколку недели или месеци кога се јавуваат карактеристични знаци како анемија, слабо крвност, панцитопенија, паѓање на бројот на сите крвни елементи, понатаму зголемување на црниот дроб, слезината, зафаќање на внатрешните органи, дури тогаш се помислува на лајшманиоза“, истакна Татјана Станимировиќ, началник на одделение за епидемиологиија во ЦЈЗ – Прилеп.

 

Од Општина Прилеп информиираат сопствениците на домашни кучиња да ги пријават миленичињата кај кои ќе се забележат одредени видливи промени и симптоми. А доколку пак се забележат одредени заболени учични кучиња истите да бидат пријавени во ПС Прилеп.  Од Центарот за јавно здравје истакнаа дека деновиве ќе започнат со воздушна дезинсекција како една од меркиите за спречување на ширење на болчеста. Од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека надлежните не превземаат ништо околу оваа сериозна состојба.

 

„Загрижува фактот што АХВ не превзема никакви законски мерки во правец на сузбивање и превенција на оваа болест, иако е тоа во нејзина надлежност“, рече Христина Кареска, О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Инаку во Прилеп кај човек за прв пат лајшманиозата е регистрирана во 2007 година. Досега биле заболени 19 лица, од кои 3 починале.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien