Општина Крушево за прв пат го организира настанот „Вечери во чест на Васил Иљоски“, со поддршка на Министерството за култура. Целта на овој настан е одбележување на ликот и делото на крушевскиот книжевник, драматург и есеист Васил Иљоски.
Првата претстава ќе се одржи во сабота (09.06.2018) со почеток во 18:30 часот. Ќе се одигра претставата „Чорбаџи Теодос“, режија: Захарија Ангелеска.
Втората претстава е закажана за недела (10.06.2018) во 18:30. Во изведба на учениците од ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани, општина Кривогаштани, ќе се одигра претставата „Солунски патрдии“.
Влезот на претставите е слободен.