ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Прилеп е лидер во Македонија по заразени животни од лајшманиоза

Facebook
Twitter
Email
Print

Прилеп за жал станува водечки град само по негативности. Сега сме први по заразени животни од лајшманиоза, а со оглед на леснотијата на пренесување кај луѓето опасноста и сериозноста се удвојуваат. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесувцмње во целост.

 

„Лајшманиозата е болест, која претставува голем епизоотилошки проблем во Македонија, а особено во Прилеп, каде бројот на заболени кучиња од година во година е се поголем и изнесува повеќе десетици. И покрај апелот на голем број на сопственици на кучиња за овој проблењм, реакциите на друштвата за заштита на животните и на ветеринарите од градов, загрижува молкот на надлежните институции кои се одговорни за контрола на болестите, особено ако се знае фактот дека лајшманиозата е сериозна болест, зооноза, која е заедничка за луѓето и животните. Тоа е болест, предизвикана од протозоарниот паразит од родот Лајшманија, која се пренесува со вектор, а тоа е песочната мува.

 

Иако бројот на заболени кучиња алармантно се зголемува, со што се зголемува и опасноста за заболување на лаѓуто, досега надлежните институции, пред се АХВ и Центарот за јавно здравје – Прилеп, немаат превземено ништо во правец на сузбивање на оваа зооноза.

 

Загрижува фактот што АХВ не превзема никакви законски мерки во правец на сузбивање и превенција на оваа болест, иако е тоа во нејзина надлежност. Досега многу ветеринарни друштва од Македонија имаат побарано оваа болест да се стави на листата на болест кои влегуваат во годишната наредба за здравствена заштита на животните, тоа не е направено. Не треба да се измислува топла вода во превенцијата и заштитата од оваа опасна болест, туку да се види што превземаат другите земји каде што лајшманиозата е исто така реален проблем.

 

Во правец на решавање на овој горчлив проблем на нашите сограѓани, еве неколку конструктивни предлози кои треба да бидат дел од решението на овој проблем:

 

  • Редовна дезинсекција на градот, најмалку два пати годишно, со што значително би се намалила популацијата на вектори кои се преносители на оваа болест

 

  • Бесплатно испитување на крвта на сите сомнителни кучиња во
  • Соодветно опремени лаборатории
  • Бесплатен третман со целни инсектициди на сите кучиња

 

Со превземањето на вакви мерки во многу ќе се намали ризикот пред се да не заболат луѓето, а ќе се намали и ризикот од заболување на домашните миленици.

 

Се надеваме дека посочените надлежни институции ќе имаат слух за потребите на своите граѓани и дека во најбрз можен рок ќе се превземат конкретни чекори во искоренувањето на оваа опасна болест, која е заедничка и за луѓето и животните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи