Околу 100 загинати и двојно повеќе исчезнати е најновиот биланс од вулканската ерупција во Венецуела, пренесоа светските медиуми.
Загрижува фактот што Институтот за сеизмологија во Гватемала синоќа предупреди за ново излевање на лава и повика на евакуација. Институтот ги предупредил жителите да бидат внимателни и да избегнуваат движење на тоа подрачје. Во соопштението се наведува дека лавата, со тек широк 30 до 40 метри, се спушта кон реката Панталеон.
Според властите, најмалку 1,7 милиони луѓе се погодени од катастрофата. Повеќе од 12.000 локални жители се евакуирани, многу од нив се во привремени засолништа.
Екипите за спасување во Гватемала веќе трети ден по ред трагаат по преживеаните, по ерупцијата вулканот Фуего.
“Можеме да работиме само на местата каде може да стоиме на крововите на куќите, затоа што пепелта е многу жешка. Има некои места каде излегува голема количина на чад и оган и не може да се копа бидејќи може да загинеме”, рекол 25-годишниот спасувач Диего Лорензано.
Се очекува активноста на вулканот да продолжи. Ова е најсериозна ерупција на Фуе во последниве години.