ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Влезниците за претставите на „Војдан Чернодрински“ не се достапни за обичните граѓани

Пред точно една година тогашниот министер за култура од редовите на СДС, Алаѓозоски, научи дека Чернодрински не е од Прилеп. Од тогаш СДС заборавија и на гордоста на Прилеп, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Ова денеска на прес конференција го истакнаа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Денес треба да започне 53-тото издание, а за прв пат Прилеп не живее во ритамот на фестивалот. Без медиумска покриеност, слаба организациска посветеност и никаква достапност за прилепчани ќе мине годинешниот фестивал. Покрај кнедлата во грлото на секој вљубеник во театарските претстави и штиците што живот значат, поради ваквиот понижувачки пристап од страна на централната и локалната власт на СДС, прилепчани се верна публика.

 

„Но горливоста на проблемот е поголема со тоа што влезниците за претставите од официјалната програма не се достапни за обичните граѓани. Бараме од организаторите и министерството за култура да им одговорат на прилепчани од каде да набават влезници за овие претстави?

 

Дали истите се привилегија само на одредени граѓани?

 

Дали и за ова постојат списоци за резервации преку челниците на СДС? Дали ваков деградирачки однос кон театарската публика заслужува градот Прилеп?!

 

Понижени сме како град.

 

Понижени сме како уметници и вљубеници во уметноста.

 

Апелираме со неспособноста да не ги уништувате трајните вредности кои Прилеп ги негува со децении.

 

За жал, Прилеп и прилепчани овој пат остануваат без да го почувствуваат мирисот на театарската магија.“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.