Австрија затвора седум џамии и протерува неколкумина имами

Facebook
Twitter
Email
Print

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска најави дека во рамки на капањата за борба против „политичкиот Ислам“, Австрија ќе затвори седум џамии и ќе протера околу 60 имами, кои биле „финансирани од странство“.

 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека неговата влада ќе ја затвори турската џамија во Виена и ќе ја распушти Арапската верска заедница, која води шест џамии.

 

Одлуката е донесена по спроведената истрага покрената откако во јавноста се појавија фотографии од една џамија во Австрија, на која се прикажани момчиња облечени во воени униформи, кои поздравуваат во војнички стил и носат турски знамиња.

 

Фотографиите биле направени на одбележувањето на годишнината од битката кај Галиполе во Првата светска војона, во која отоманската војска ги поразила сојузничките сили.

 

Курц, кој важи за жесток критичар на т.н. политички Ислам, предложи и закон за заштита на децата, со кој се збранува девојчиња да носат хиџаб во предучилишните установи и основите училишта.

 

Според Курц, целта на законот е да се спречи „децата да се соочуваат со дискриминација на таа возраст“.

 

Од друга страна, Австрија има резерви и кон напорите на Турција за членство во ЕУ, оценивајќи дека во земјата се врши „системско кршење на човековите права и на темелните демократски вредности“.

 

Таквиот австриски став предизвика тензии во однсите меѓу Виена и Анкара, кои дополнително се зголемија со формирањето на новата владина коалиција во Австрија меѓу конзервативната Австриска народна партија (ОВП) на Курц и екстремно десничарската и антимигрантска Партија на слободата на Австрија (ФПО).

 

Австрија, земја со околу 8,8 милиони жители, има приближно 600.000 муслимански жители, од кои повеќето се Турци или имаат семејства од турско потекло.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи