На мото крос патеката кај Лагово во близина на Прилеп денеска по 6-ти пат се одржа мото крос интернационалниот натпревар насловен како „Сторм рајдерс“.
Организатор е клубот за екстремни спортови од Прилеп „Skyriders“, кој се надева дека со мали подобрување на стазата во 2020 година тука ќе може тука да се организира и Европско првенство за прв пат на Балканот.
Тоа ќе значи и голема промоција на Прилеп, кој е лидер во развојот на овие екстремни спортови во Македонија, покрај параглајдингот, планинскиот велосипедизам, планинските маратони и други.
Погледнете ги изјавите на учесниците и дел од атмосферата