Двајца обвинети признаа вина за нападот врз Села

Двајца од обвинетите на кои им се суди за нападот на пратеникот Зијадин Села што се случи на 27 април во Собранието, Цејо Горгиевски и Стојан Павлески, на денешното судско рочиште признаа вина.

 

Обвинетите пред судот рекоа дека признаваат вината и дека го разбираат обвинението и дека не можеле да ги негираат снимките откако тие биле пуштени во судиница. Двајцата обвинети кажаа дека свесно и доброволно ја признаваат вината.

 

Со измените, за кои клучна беше новата снимка што како доказ ја презентираше Обвинителството, Сашо Сенков е ослободен од обвинение, а за двајцата обвинети, Цејо Горгиевски и Стојан Павловски делото обид за убиство е преквалификувано во полесно дело, насилство. По оваа правна ситуација, овие обвинети можат да се „извлечат“ и со условна казна, бидејќи казната за кривичното дело насилство е од шест месеци до пет години.

 

Судијката Славица Андреевска, по признанието на вина од обвинетите, кажа дека кривичното дело за насилство поведено по измените на обвинението се раздвојува од постапката за другите обвинети.

 

За останатите седумина обвинети останува истото кривично дело обид за убиство.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.