Поевтини горива од полноќ

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар.

 

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ за 63,5.  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за  52,5 денари за литар.

 

Со одлуката на РКЕ за 0,749 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,785 денари за килограм.

 

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,75 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,899 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien