Десетици илјади жители на шпанската провинција Баскија протестираа држејќи се за раце и формирајќи „човечки синџир“, со барање да добијат право да одржат регионален референдум за независност. Редицата долга 202 километри се протегала од Сан Себастијан до парламентот на Баскија во Виторија.
Иако поголемиот дел од Баскија, каде веќе постои високо ниво на автономија и каде се негува сопствен јазик и култура, не подржува независност, многумина сметаат дека населението треба да добие можност за референдумско изјаснување по ова прашање.
Според Уставот на Шпанија, создаден во 1978 година по падот на режимот на диктаторот Франсиско Франко, државата е неделива. Минатогодишниот обид на Каталонија да одржи референдум за сецесија од Шпанија беше пресретнат со жестоки правни средства за негово оневозможување.
Шпанската влада, поддржана од уставниот суд, останува на ставот дека секакво гласање за регионална независност е нелегално.