Заев : Македонија ќе го менува Уставот – Република Северна Македонија за севкупна употреба

Имаме историско, вековно решение. Градиме пријателство меѓу двете земји, коие никогаш не било поголемо. Решаваме две ипол децениски спор, за да ја извлечеме нашата земја од стегите на изолацијата, кој земјата ја влечеше надолу, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која го истакна постигнатиот договор со Грција .

 

„Етничкиот и културен идентитет е заштитен. Зајакнат идентитет и гаранција за безбедност и просперитет. Прецизирано македонско име, достоинствено и географски прецизно, со превод на сите јазици. Амандман во Уставот. Потврда на македонскиот јазик без фуснота. Националноста е македонска/граѓанин на Република Северна Македонија. Тој додаде дека се решава два и пол децениски спор и дека нема веќе ФИРОМ, а Република Северна Македонија е името предвидено за севкупна употреба. Ова е вистинското решение. Создадовме историска можност за успех. Гласот на граѓаните е конечен и во овој договор стои дека на есен ќе има референдум. „Да“ за македонската иднина. Денес како никогаш порано сум исполнет со чуство на искрена надеж за иднината на сегашните и идните поколенија. Зборувам за надеж и оптимизам, кој ни кажува дека доаѓа подобро време. Шансата е тука и мора да се искористи храбро и смело. Се осмеливме затоа што не ни беше сеедно. Се определивме за иднина. Имаме историско вековно решение. Решавајќи го спорот, градиме пријателство со Грција, кое никогаш не било поголемо. Во нашите раце е клучот за отворање на европската перспектива. Решаваме два и пол децениски спор за да ја извлечеме нашата земја, која одеше надолу. Со решението го јакнеме македонскиот индентитет. Нема веќе ФИРОМ. Признати сме од Република Грција. Нашата добивка е бесценета, гаранција за безбедност и зајакнат идентитет. Република Северна Македонија е предвидено да биде за севкупна употреба”, рече премиерот Заев на прес-конференцијата.

 

 

Премиерот на Грција Ципрас рече дека со договорот биле зачувани нивните национални црвени линии кои ги бранеле изниинативе 2 децении.

 

„Ненадејно дојде решението, ги разбирам тешкотиите кои се присутни по медиумите, веста е добра, постигнавме договор за прашање кое со години не загрижуваше поради разликата со името. Решението ги опфаќа сите услови поставени од страна на грчката страна, Решението е ерга омнес, ќе има и уставни промени. Најважно, имаме договор кој предвидува промени на Уставот надвор од името и ирационални референци. Уште поважно, заштитено е историски наследство и наследство на античка Македонија, кое во минатото се обидоа да го присвојат. Договорот предвидува, позитивни случувања, ќе влезе во сила, откако другата страна ќе исполни два услови. Поради тоа ова е добар договор, кој креира позитивен развој за регионот, и сега треба да биде имплементиран од страна на соседите. Вие сте првите кои ги информирам, по лидерите и г-дин Буцис, ќе се одржи посебен состанок за да се информира парламентот задолжена за постигнување на договорот, што е важен историски чекор, рече Ципрас.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien