По напуштањето на состанокот со Заев и Димитров, Иванов за денес закажа обраќање до граѓаните

Две минути. Толку траеше средбата на претседателот Ѓорѓе Иванов со премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Димитров. Иванов го прекинал и напуштил состанокот, одбивајќи да ги чуе нивните аргументи за договорот.

 

Од неговиот кабинет најавија дека претседателот во текот на денот ќе и се обрати на нацијата и ќе ги соопшти своите ставови.

 

„Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров. Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија”, стои во кусото соопштение од кабинетот на претседателот.

 

На денешната средба закажана за во 10 часот Иванов требаше да ги добие сите детали околу вчера постигнатиот договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас. Но, претседателот ги избркал Заев и Димитров велејќи им дека нема потреба да го продолжат состанокот.

 

Владиниот кабинет, пак, испрати соопштение во кое велат дека премиерот и министерот имале конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината на договорот, но претседателот одбил да разговара со нив.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien