Фудбалското управно тело им ја додели улогата на домаќин за организирање на Светското првенство во 2026-та година, на земјите со заедничка кандидатура Канада, Мексико и САД. Земјите-членки на ФИФА гласаа со 134-65 во корист на групата составена од три земји во споредба со второпласираниот Мароко.
Северноамериканското трио вети дека ќе домаќин на најлуксузниот турнир во историјата што воедно ќе биде и најмасовно со оглед дека ќе брои 48 репрезентации. Според првичниот план, 60 натпревари ќе се играат на територијата на САД, а останатите 20 ќе бидат поделени меѓу Канада и Мексико. Финалето е планирано во Њу Џерси. Мундијалот во 2026 година ќе биде прв со ко-организатори по 2002 година (Јапонија и Јужна Кореја), но и прв воопшто со тројца домаќини.
Оваа година, светското првенство ќе започне со домаќинот Русија, кој ќе игра со Саудиска Арабија.
Наредниот турнир, во 2022-та година, ќе се одржи во Катар.