ЕК предлага поголем буџет за проширувањето од 2021

Европската Комисија денеска предложи да се зголеми буџетот за процесот на проширување на ЕУ.

 

Предлогот е дел од севкупниот план на Комисија да се зголоми буџетот на Унијата за надворешни работи, вклучително и аспекти како хуманитарната помош.

 

Претпристапниот инструмент, со новиот буџет, би се зголемил за 13 отсто, на 14, 5 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027.

 

Разликата со претходниот инструмент е што новиот би бил фокусиран на фундаментални приоритети на Унијата како владеењето на правото, јавната администрација и економските реформи. До сега инструментот се дефинираше по земји, а не по приоритети.

 

Новот пристап, смета ЕК, ќе овозможи подобра мониторинг врз реформите во земјите кандидатки.

 

„Зголемениот и реформиран буџет ќе ни овозможи да продолжиме да работиме со оние земји кои се одлучени да се придружат кон ЕУ“, изјави Јоханес Хан.

 

Предлог-буџетот на ЕК треба допрва да биде прифатен од Парламентот на ЕУ и земјите членки.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien