Џ.К. „Бушидо“ од Прилеп се врати со 13 медали од меѓународниот турнир „Struga Open“ 2018, каде учествуваше со 17 натпреварувачи. На овој голем меѓународен турнир учествуваа над 300 џудисти од повеќе држави : Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Турција, БиХ, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, Шведска, Романија, Холандија и други.
Џ.К. „Бушидо“ се натпреваруваше во категорија деца, помлади и постари пионери.
Ова се џудистите кои понесоа медали :
МИЛЕ ГРИЖОСКИ – 3 МЕСТО
МАТЕА ИЛИЕСКА – 1 МЕСТО
АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ – 2 МЕСТО
БОЈАН НАСКОСКИ – 3 МЕСТО
ФИЛИП ПЕТРОСКИ – 3 МЕСТО
МИХАЕЛА ДИМОСКА – 2 МЕСТО
ФИЛИП ПОПОСКИ – 3 МЕСТО
ФИЛИП СТОЈКОСКИ – 1 МЕСТО
СЕБАСТИЈАН МИТРИКЕСКИ – 3 МЕСТО
ХРИСТИЈАН ЗДРАВЕСКИ – 3 МЕСТО
ЕЛЕНА МАЛИНОВСКА – 2 МЕСТО
СТЕФАНИЈА ПЕТРЕСКА – 3 МЕСТО
ЕЛЕОНОРА ИЛИОСКА – 3 МЕСТО
Овој викенд членовите на „Бушидо“ ќе учествуваат и на Меѓународниот џудо Камп-Семинар за помлади пионери-ки и пионери-ки, „ПРИЛЕП-2018“ кој го организира Џудо Клубот СЕИШИН од Прилеп во соработка со Џудо Клуб „ЏУНС“ Нови Сад. А наредната недела пак во Скопје ќе се одржи училишното џудо првенство за ученици родени од 2003 до 2011 година, на кое што исто така дел ќе бидат претставниците од џ.к. „Бушидо“.