Владата го усвои Законот за ратификација на договорот со Грција

Владата на Република Македонија  на денешната 74 седница го разгледа и усвои Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи.

 

Предлог-законот за ратификација ќе биде доставен до Собранието на Репубика Македонија.

 

Договорот вчера беше потпишан во селото Псарадес (Нивици) на грчката страна Преспанското езеро, а го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров, во присуство на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien