Договорот за името со европско знаменце, наместо кај Милошоски, ќе оди кај Груби

Владата денеска го усвои Предлог-законот за Договорот за името со Грција и соопшти дека веднаш ќе го испрати на ратификација во Парламентот.

 

Со оглед дека Предлог-законот го има европското знаменце, наместо во Комисијата за надворешна политика која што ја води Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Артан Груби од ДУИ.

 

Расправата во собраниската комисија може да трае најмногу три дена, со одредени ограничувања на дискусијата, по што договорот  со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна собраниска седница.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien