Заврши тридневниот Меѓународен џудо камп „Прилеп 2018“

Во периодот од 15 до 17 Јуни 2018 година во Прилеп во организација на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп во соработка со Џудо Клубот ЏУНС Нови Сад Србија се одржа тридневен Меѓународен џудо камп „Прилеп 2018“ за помлади пионери-ки и пионери-ки.

 

Кампот го предводеше Проф. Д-р Славко Обадов 9 Дан-степен носител на Еврпоски, Светски и Олимписки титули моментално тренер на ЏК Џунс Н.Сад и Претседател на ДАН Комисијата во Р.Србија и Г-ин Мирољуб Ничиќ 6 ДАН-степен Претседател на Џудо Федерација на Р.Србија регион Војводина и Претседател на ЏК Џунс Н.Сад Србија.

 

„На овој камп настапија вкупно 60 такмичари од наведените возрасни категории од 6 клубови од Македонија и Србија ( Џунс , Н.Сад, Сеишин, Пролетер, Санакаку од Прилеп, Гладијатор Кочани и Чурин од Битола). На овој камп младите џудисти се стекнаа со нови знаења и искуства, а тренерите со нови методски постапки за одредени техники за учење на своите ученици. Задоволството беше големо кај сите да се присуству на еден ваков џудо камп предводен од легендата на џудо спортот Славко Обадов, бидејќи ова за прв пат се случува во Македонија и Прилеп каде бил присутен човек со највисока титула во џудо спортот. Така што на овој камп учествуваа и неколку џудо ветерани кои во слободните термини евоцираа спомени со Мајсторот Обадов и се присетуваа на неговите борби како и заеднички вакви искуства од џудо семинари и кампови“, велат од џ.к. „Сеишин“ Прилеп.

 

 

 

 

Сите учесници се здобија со Благодарници за учество, а предводниците на кампот Обадови и Ничиќ добија плакети од страна на организаторот СЕИШИН Прилеп.

 

Професорот возврати со доделување на дел од тренерите со некои од неговите книги за џудо спортот.

 

Кампот заврши со потпишување меморандум за соработка помеѓу Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп и Џудо Клубот ЏУНС Нови Сад, каде што во идниот период соработката ќе се продлабочува со цел унапредување на џудо спортот и размена на искуства.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи