Американскиот претседател Доналд Трамп веќе еднаш најави дека се размислува за проширување на присуството на американската армија и во вселената. Тој тоа го најави во март во говор кој го одржа пред маринците, но овој пат тоа изгледа одлуката е дефинитивно донесена.
Во говор специфичен за него тој истакна дека кога е во прашање одбраната на Америка, не е доволно само да се има американско присуство во вселената, туку мора да се има американска доминација во вселената.
“We are going to have the air force and we are going to have the space force”: President Trump discusses plans for “sixth branch of the armed forces” at Nat’l Space Council meeting https://t.co/BU6U5hnobW pic.twitter.com/W0QgSnCeLQ
— CBS News (@CBSNews) June 18, 2018
“Не е доволно само да постои американско присуство во вселената. Мора да имаме американска доминација во вселената. Ќе имаме воздухопловство и ќе имаме вселенска сила. Различни, но еднакви. Тоа ќе биде нешто. Нешто многу важно”, изјави Трамп.
Тој нагласи дека САД ќе бидат лидери во вселената додавајќи дека вселената е прашање на национална безбедност и дека не сака Русија, Кина и други земји да ги престигнат САД.
Претседателот на САД истакна дека му наложува на министерството за одбрана веднаш да го започне процесот на формирање на вселенските сили, како шеста бранша на американската армија.