Данев: Ќе бараме толкување од Венецијанската комисија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе бара Венецијанската комисја да се изјасни за правната издржаност на Договорот со Грција, најави денеска пратеникот Драган Данев, според кого, „злоупотребени се процедурите и прекршени се законите“.

 

„Ова е трет случај на грубо непочитување на процедурите. Првин изборот на Џафери за т.н. претседател на Собранието, потоа законот за двојазичност, па сега договорот со Грција. Зошто договорот со Бугарија се разгледуваше во Комисијата за надворешни работи, а овој во Комисијата за европски прашња? Затоа што власта сака да го протурка на мала врата“, рече Данев.

Инаку, ВМРО – ДПМНЕ и денеска не учествува на седницата за спогодбата со Грција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien