Европско и Светско првенство во Змејарство во Крушево

Воздухопловната Федерација нa Македонија (ВФМ) ќе биде организатор на 20-то Европско првенство во змејарство класа 1 (Hanggliding) и 8-мо Светско Првенство во змејарство класа 5 (Rigid wings) во дисциплината крос кантри.

 

Натпреварите ќе се одвиваат во Крушево и Пелагонискиот регион од 8 до 21 јули 2018година. Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп, с. Кривогаштани и регионот на Битола се предвидени местата за слетување и крај (цел) на трките. Практично во периодот од 8-ми јули до 21-ти јули 2018 година, Пелагонискиот Регион, а посебно Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.

 

Овие две големи првенства ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien