Заев: Поканата за НАТО е на дневен ред на самитот во јули

Премиерот Заев соопшти дека поканата за членство на Македонија во НАТО е ставена на дневен ред на самитот на Алијансата, што ќе се одржи на 11 и 12 јули во Брисел.

 

„Тоа е нешто што е вековна аспирација на сите нас“, рече Заев.

Ова го потврди и Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој сепак нагласи дека Македонија ќе може да влезе во НАТО само откако договорот целосно ќе се финализира и ќе стапи во сила. 

 

Се надевам дека ќе има напредок во поранешната југословенска Република Македонија, бидејќи тие постигнаа договор со Грција за прашањето на името. Доколку тој договор се финализира и целосно се имплементира, тогаш новото име ќе биде Република Северна Македонија, а потоа можеме да одиме со членството во НАТО. Искрено верувам дека можеме да го направиме тоа. Се надевам дека ќе можеме да ги започнеме разговорите за пристапување, односно да донесеме одлука за нивниот почеток на самитот на НАТО во јули, ако процесите се развиваат според планот, за ратификација на договорот и референдумот што треба да се одржи оваа година“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

 

Грција сега, по ратификувањето во македонскиот Парламент, треба да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.