Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Собранието на Република Македонија го усвои законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

 

Договорот за решавање на 27-годишниот спор за името со Грција беше ратификуван со 69 гласови „за“, без против и воздржани.

 

Гласањето беше поздравено со аплауз и со честитки до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој ги предводеше преговорите.

 

Премиерот Заев од собраниската говорница изјави и дека северноаталантскиот совет денеска донел едногласна политичка одлука да ја стави точката за покана на Македонија во НАТО на Самитот на Алијансата на 11 и 12 јули во Брисел.

 

На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.