ВИДЕО – Пред прилепските бизнисмени призентирани владините мерки за поддршка на компаниите

Пред прилепските бизнисмени денеска министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, ги презентираше мерките за поддршка на инвестиции од трите столба на Планот за економски раст на Владата. Апостолоска потенцираше дека мерките за поддршка на компаните се од различни области и дека најважно било тоа што Владата со тие мерки не правела разлика помеѓу домашни и странски инвеститори и дека целиот процес ќе се одвивал на многу транспрантно ниво.

 

 

„Токму поради тоа сме во Прилеп да ги приближиме сите тие услови, финансиски поддршки, можности со кои што може да се запознаат компаниите присутни денес и она што сакам да го нагласам е тоа што дека во рамките на финансиските мерки со кои што државата е подготвена да даде поддршка не само на странските туку и на домашните инвеститори и во тој поглед не прави никаква разлика. И тоа ќе се одвива на еден многу транспарентен начин. Сакам да потенцирам само неколку сегменти од таа поддршка. Ќе има поддршка во доменот на нови вработувања, во доменот на извозот, во доменот на освојување на  нови пазари, воспоставување на технолошки развојни центри и она што сакам да го издвојам во овие мерки е тоа дека посебно вниимание може да се задржи на поддршката за соработка на домашни компании со странски компании, како нивни партнери во производствениот циклус на странските инвеститори кои се веќе етаблирани во Македонија, а и тие кои допрва треба да дојдат во Македонија“, рече Зорица Апостолска, министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции.

 

Од Регионалната стопанска комора на Прилеп рекоа дека наскоро ќе се формирала и работна група која што ќе им помогнела на членките како да дојдат до тие субвенции и како да аплицираат.

 

„Ги поддржуваме сите мерки кои Владата со регулатива ги донесе во делот на стимулирање, особено на инвестициите и пред се стимулирање на извозните компании и огромно е задоволството дека мерките се носат во соработка со членовите на стопанската комора, со реалниот сектор, оние кои што се главни чинители“, изјави Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

 

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски рече дека оваа средба значела раст и развој кој што го промовирала централната и локалната власт за влез на странски инвестиции.

 

„И во оваа прилика сакам да ја истакнам заложбата на министерството за странски инвестиции затоа што поттикнува раст и развој на странските инвестиции во нашата држава. Благодарност и до Регионалната стопанска комора на нашиот град која во изминативе години се грижи за се она што се случува за раст и развој на стопанството во нашиот град, се надевам дека тоа и во иднина ќе се случува. На денешната средба ќе биде разговарано за инвестиции на сите локални компании, како да дојдат до странски инвестиции, како да дојдат до домашни инвестиции и се она што е потребно  што го договара Владата од третиот столб за економски раст и развој на малите и средни претпријатија“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Беше презентирана и најавата за вториот повик од Фондот за иновации и технолошки развој и мерките кој тој ги нуди за компаниите, особено на малите и средни претрпијатија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.