ВИДЕО – Шабан Шаулиќ ќе го затвори годинешниот Пиво фест во Прилеп

Од 12 до 15 јули оваа година ќе се одржи 16-тиот по ред Пиво фест во Прилеп. Годинава фестивалот е во организација на агенцијата „Ентфинити“ од Скопје, а со поддршка на Општина Прилеп.

 

Во четврток настапуваат Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски. Во петокот се продолжува со Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и и грчкиот ДЈ Mossel. Во саботата ќе настапат Фортисимо Бенд, Некст Тајм, Џенан Лонџаревиќ и Жељко Јоксимовиќ. Во неделата Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ, а фестивалот ќе го затвори Шабан Шаулиќ. Од „Ентфинити велат дека како организација смислиле стратегија како да направат музичка програма од четврток до недела за сите посетители.

 

 

Во четврток настапуваат Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски. Во петокот се продолжува со Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и и грчкиот ДЈ Mossel. Во саботата ќе настапат Фортисимо Бенд, Некст Тајм, Џенан Лонџаревиќ и Жељко Јоксимовиќ. Во неделата Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ, а фестивалот ќе го затвори Шабан Шаулиќ.

 

„ Како организатори прво повикуваме на свесност на посетителите затоа што сакаме да развиеме еколошка свет, односно градот да се зачува и да остане чист како што бил и претходно да не немаме таков тип на проблеми и приоритет оваа година ќе ни биде безбедноста да биде на највисоко ниво. Сметаме дека оваа програма е достојна за сите генерации, сметаме на голема посетеност, се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред. Ние сме етаблирана агенција повеќе години наназад, конкретно за организирање на фестивалска дејност, со години работиме низ Македонија и сме препознатливи по транспарентност и одговорност и сите работи кои сме ги направиле сме ги направиле достоинвесно и точно. Имаме искуство и надвор од Македонија. По објавениот оглас на Општина Прилеп на 23.05 уредно доставивме документи до Советот каде се помина во најдобар ред. Нашииот проект се прифати и станавме дел од организацијата на Пиво фест со логистичка поддршка на општината и сакам да упатам благодарност бидејќи имаме доста голем кадар кој што години го работи овој фестивал и кој ни помага“, рече Дарко Манасиевски од „Ентфинити“.

 

Годинава новина ќе биде тоа што паркингот дневно ќе чини 50 денари, а не 100 како претходните години. Општина Прилеп за оваа година од буџетот одвоила 2,5 милиони денари.

 

„Како Општина сме подготвени ова да го направиме и сме горди што и оваа гоина Фестивалот на пивото ќе се одржи во Прилеп, затоа што сакаме, можеме и знаеме како тоа да го направиме. Оваа година склучивме меморандум со агенцијата „Ентфинити“ која ќе ја превземе цалата одгтоворност и организација на овој фестовал. Ние ќе бидеме нивна логистика и поддржувачи, затоа што освен како културна манифестација Прилеп ќе биде домаќин како туристичка дестинација и мислам дека тие 4 дена сите патишта од Македонија ќе водат кон Прилеп. Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, оваа година од буџетот оддели 2,5 милиони денари за оваа културна манифестација. Како Општина сме целосно подготвени за да бидеме подготвени за оваа манифестација која ќе се одржи наредниот месец. Надлежните служби вчера имаа и заеднички координативен состанок. Сите работи се синхронизиирани помеѓу овие служби, со цел да се обезбедат сите потреби и аспекти за квалитетна храна, хигиена, чистота на градот, иинсталации за штандовите, водоснабдувањето и слично. Мислам дека се анимирани сите служни кои перманентно ќе бидат присутни 24 часа во тие 4 дена“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Се очекувата гости од цела Македонија, а освен во хотелите и приватното сместување како и секоја година на Паркот на Револуцијата ќе се организиира бесплатен кампинг простор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.