ВИДЕО – „Визуализирање: Иновативен концепт за обука за зајакнување на толеранција и меки вештини на млади луѓе“

Здружението Центар за развој и едукација, Македонија во партнерство со организации и институти од Германија, Австрија, Шпанија и Грција со поддршка на Еразмус+ програмата, КА2 Стратешко партнерство го спроведува проектот Визуелизира – иновативен концепт на обука за зајакнување на толеранцијата и меките вештини кај младите.

 

 

„Проектот „Визуелизира“ претставува иновативен концепт за градење на меки вештини и толеранција на младите луѓе, вклучително и учениците и децата од најмала возраст. Овој иновативен концепт сакаме да се вклучи и ќе се обидеме да се вклучи и да биде дел од неформалното образование, како и од формалното образование, со тоа што тука вклучени се децата, младите, наставници, како и обучувачи и едукатори од невладиниот и граѓанскиот сектор. Главна цел на проектот е да гради вештини и толеранција меѓу младите луѓе, со тоа што ќе ги поттикнува персоналните способности, односно комуникациски вештини, вештините за слушање, ораторските вештини, а исто така многу важен концпет е и почитување на мислењето на другиот, без поставување на основа дека некое мислење е грешно, или некое мислење е правилно“, истакна Даниела Цветаноска, Здружение Центар за развој и едукација, дел од ЛАГ Агро Лидер.

 

Проектот се спроведува во партнерство со:

 

  • Christliches Jugenddorfwerk Deutschlands gemeinnütziger e.V., Verbund NRW Süd / Rheinland (Germany)
  • Fundacion Intras (Spain)
  • Best Cybernetics (Greece)
  • Institut für Visuelle Bildung (Austria)

 

 

 

ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ е иновативен концепт на обука кој обезбедува обука за професионалци кои работат со млади – едукатори и наставници, како и негователи, терапевти и социјални работници – во областа на визуелната писменост. Тој поттикнува толеранција и социјален развој, како и подобрување на академските постигнувања. Со користење на слики и дискусии, младите луѓе се соочуваат со разни ставови и ги градат сопствените размислувања.  Концептот ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ им овозможува на учениците да ги користат постоечките визуелни и когнитивни вештини за да развијат самодоверба и искуство. Учеството на младите во дискусии за уметност ќе им овомзожи зајакнување на комуникациски вештини и самодоверба, критичкото размислување и социјален развој. Воедно овозможува зајакнување на толеранцијата преку соработка, почитување на ставовите од другите, разумно решавање конфликти, слобода на говор и активно ангажирање. Концептот ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ создава рамномерна игра меѓу луѓето со различни нивоа на образование, комуникациски вештини и различни мајчини јазици.

 

„Проектот започна да се имплементира во 2016 година, во партнерство со организации од Германија, Грција, Шпанија и Австрија. Значи главен иницијатор за проектот беше Институтот за визуелна писменост од Австрија, кој што фактички е и осмислувач на овој иновативен концепт на обука за зајакнување на толеранцијата и меките вештини кај младите. Идејата е младите да се оспособат се повеќе со меки вештини и да градат толеранција, со цел да градиме потолерантно општество, а воедно да бидат и поконкуренти на пазарот на трудот. Овој концепт насекаде во светот, па и во Европа, забележува позитивен импакт и пред се младите се учат да ја почитуваат различноста, а воедно и да бидат помалку подлежни на политичките влијанија. Со овој проект ја промовираме и уметноста, бидејќи целиот проект се спроведува со користење на слики и градење на свои ставови врз основа на она што го гледаат младите на сликите од нивно сопствено гледиште, каде што го внесуваат и делот од нивното сопствено искуство. Со тоа ќе ги направиме и нашите музеи и уметнички изложби попрепознатливи, подостапни за младите и попосетени секако. Тоа е уште еден сегмент кон што цели овој проект. Се надеваме дека проектот и имплементацијата на овој концепт ќе продолжи и понатаму во неформалното образование, во нашата секојдневна работа со млади и се надеваме дека ќе истапиме еден чекор понапред и дека наставниците, просветните работници, педагозите, социјалните работници ќе почнат да го применуваат, со цел да допрат повеќе до младите и да им помогнат во нивното понатамошно определување и развој на нивните персонални и професионални вештини“, изјави Марина Тошеска, Здружение Центар за развој и едукација, дел од ЛАГ Агро Лидер.

 

 

 

Главни цели на проектот се:

 

  • Да се зголеми толеранцијата
  • Да се надоградат младите со соодветни вештини да бидат помалку подложни на политички и популистички движења
  • Зајакнување на комуникациски вештини, самодоверба, социјални компетенции и самодоверба кај младите
  • Да им овозможат на наставниците,социјалните работници, обучувачите и организациите пристап и приомена на нови иновативни методи и вештини
  •  Да се промовира уметноста, изложби и музеи да станат попопуларни меѓу младите

 

Целни групи на проектот се:

 

А) Млади

Б) просветни работници, обучувачи, едукатори

 

„Денес  бевме присутни на една презентација, од која извлеков многу позитивни работи. Се работи за визуелизација. Ние во формалното образование работиме нешто на ваков начин, меѓутоа јас сметам дека ова нешто е надоградување, кое што можи да користи многу во формалното образование. Учениците да се надоградат во секој аспект, но и ние како наставници. Користиме слики, разни видеа, но со оваа презентација мислам дека би можеле многу повеќе да се надоградиме и сето ова да го искористиме заедно со нашите ученици во формалното образование, посебно во основното образование“, рече Емина Балиоска, наставник во ООУ „Ѓорче Петров“ – с. Ропотово.

 

 

 

 

Овој проект е наменет за оспособување на организациите со корисни нови стратегии и пристапи кои го комбинираат уметничкото образование на невообичаен начин. Затоа и младите луѓе, и обучувачите и едукаторите ќе имаат корист од проектот.

 

Вкупно 50 млади луѓе учествуваа во програмата ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ во три земји: Германија, Шпанија и Македонија.

 

„Јас како претставник на граѓанскиот сектор и како учесник, сметам дека ова помеѓу младите е навистина многу добра идеја за понатамошна работа и развивање на младите личности, бидејќи помага меѓусебно да изградиме толеранција и да се почитуваме едни меѓу други, да го слушаме и почитуваме сечие мислење без разлика на неговите ставови. Исто така на младите тоа им помага многу во понатамошниот соживот и понатамошното градење на кариерите“, Катерина Паскоска, Здружение Центар за развој и едукација, дел од ЛАГ Агро Лидер.

 

 

Беа спроведени следниве активности :

 

  • Проценка на состојба на уметноста
  • Подготвување на насоките за воведување на програмата
  • 5 дневна обука во Фрехен, Германија
  • Спроведување на програмата Визуализирање во Македонија, Германија и Шпанија од страна на организациите вклучени во проектот
  • Проценка на состојба на уметноста
  • Подготовка на водич за имплементација на VTS
  • Дисеминација
  • Размена на информации за пристап на материјали за VTS
  • Презентација на програмата Визуализирање

 

 

 

Влијанието на овој проект се однесува на:

 

  • Оспособување на просветните работници и обучувачите со нов метод чие користење има позитивно значење за зајакнување на персоналните вештини и толеранцијата кај младите
  • Младите ќе ги зајакнат и надоградат своите персонални вештини што ќе им овозможи подбро да се интегрираат во општеството и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, а истовремено да ја зајакнат својата толеранција и да ги почитуваат туѓите мислења и ставови

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи