Бошњаковски: Одлуката на Иванов нема да влијае врз договорот со Грција

Откако утрово претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов го извести Собранието дека нема да го потпише указот за договорот со Грција, владиниот портпарол, Миле Бошнаковски, рече дека одлуката на Иванов нема да влијае врз имплементацијата на договорот.

 

„Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите, односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Република Грција веќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО“, рекол Бошњаковски во изјава за МИА.

 

Премиерот Заев вчера изјави дека и доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише Законот за ратификација на договорот за името, правните служби веќе работат на решение.

 

„Решение мора да има. Во договорот стоеше Парламентот да го ратификува договорот, а не и претседателот“, рече Заев.

 

Од Владата повторуваат дека волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти без разлика која форма ќе го има изјаснувањето на граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien