Од идниот месец електронска наплата на патарините

Од идниот месец патарина ќе се плаќа со паметна картичка. Така наречените смарт картички ќе се подигаат од бензинските, сегашните патарини или од граница, потоа ќе се надпополнуваат со толку пари колку што патникот сака.

 

Смарт картичките ќе може да се надополнат и преку телефон, лаптоп односно преку посебна апликација. Од есен пак, ќе се воведе и принципот на траен налог.

 

Освен смарт картички за електронска наплата на патарини граѓаните ќе можат да користат и тагови.

 

Првично наплатата ќе се одвива и со кеш и електронски, но постепено ќе се намали потребата од човечки фактор.

 

Очекувањата се дека до крајот на годинава на сите наплатни станици ќе има можност за електорнска наплата на патарините. А за период од две до 3 годни целосно да биде исврлен кешот како опција за плаќање.

 

Во февруари ќе бидат готови и двете патарини кои се планираат на новиот автопат Демир Капија – Смоквица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien