Кабинетот на Претседателот Ѓорге Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов преку соопштение ги демантира изнесените тврдења од страна на Дипломатскиот клуб. Иванов преку соопштение ги демантира изнесените тврдења од страна на Дипломатскиот клуб.
„Ја информираме јавноста дека за сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно именување се завршени и дипломатите се веќе упатени на извршување на амбасадорската должност. Доколку Дипломатскиот клуб има забелешки околу постапката и процедурите за именување на амбасадори, го упатуваме на одговори во кабинетот на министерот за надворешни работи“, се вели во реакцијата од кабинетот на Иванов .
Од Кабинетот порачаа дека доколку Дипломатскиот клуб има забелешки околу постапката и процедурите за именување амбасадори, треба да ги побараат одговорите во Кабинетот на министерот за надворешни работи.
„Претседателот на Република Македонија, како и досега, останува доследен на своите заложби за поставување професионални и стручни кадри, кои ќе придонесат во јакнење на дипломатската мрежа и ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија“, се вели во соопштението.