Селекторот на Иран, Карлос Кеирош јавно и со многу горчина се пожали на селективна правда на мечот со Португалија, кој заврши со резултат 1:1, со што Иран го заврши својот настап на Светското првенство во Русија.
Кеирош се осврна на ВАР технологијата кога на десет минути пред крајот не беше исклучен Кристиано Роналдо при спорниот момент.
„Реално е да ја застанеш играта, да ја погледнеш снимката и да го видиш удирањето. Според правилата, удирање со лакт е црвен картон. Сепак, тоа не е така кога од другата страна се Роналдо или Меси. Овде не се работи за судиите, туку за ставот, храброста и карактерот. Одлуките можат да бидат јасни за сите, на овој начин Инфантино и ВАР не се движат во вистинската насока. Бевме конкурентни играјќи против најдобрите светски екипи. Иран со дисциплината, контролата, заслужи да ја победи Португалија. Сепак, во фудбалот нема правда“, изјави Кеирош.
should this have been a red card for Ronaldo? #PORIRN #Ronaldo #Worldcup2018Russia pic.twitter.com/6dgsSVdkYv
— Basementpundit (@basementpundit) June 25, 2018