Тофилоски и Даноски остануваат црвено-бели!!!

По дефинирањето на условите со клупското раководство од денес и официјално верноста на Победа ја продолжуваат двајцата носители на играта на екипата во претходната сезона-капитенот и голман Дарко Тофилоски и најдобриот стрелец пролетва (со по 8 голови со Гешоски беа први клупски стрелци) Зоран Даноски.

 

Со нивното останување и тоа како квалитативно ќе се издигне нивото на екипата. Даноски се обврза на двегодишна а Тофилоски на 1-годишна верност кон клубот.

 

Од Победа информираат дека стратегијата во овој период е да се договараат играчи на подолгорочна верност. Па така 2-годишни договори потпишаа досегашните засилувања:Ристе Марковски,Христијан Драгарски, Антонио Каланоски и Саше Шопоски, како и сега веќе староседелецот Никола Јаќимовиќ, додека на 3-години е договорен Александар Исаевски.

 

Деновиве се очекува исходот од разговорите и преговорите со уште двајца домашни фудбалери, како и доаѓањето во Прилеп на двајца интернационалци, од кои еден шпиц од Бразил. Со екипата тренира и на проба е младиот 20-годишен крилен и централен напаѓач Богдан Мандиќ, кој настапувал за неколку белградски клубови, а потекнува од школата на ОФК Београд.

 

Победа првиот тест меч ќе го одигра во среда на 4-ти јули со Беласица во Струмица, а пред поаѓањето на подготовки во Банско-на 12-тти јули, се бара спаринг меч за на 8ми јули.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien