ВИДЕО – Со проект за развој на деловниот екосистем на УСАИД ќе се стимулира развојот на земјоделството во Пелагонија

Со новиот проект за развој на деловниот екосистем финансиран од УСАИД ќе се овозможи поголем развој на земјоделството во Пелагонскиот регион. За земјоделците преку проектот се набавени ролобалирачка, современа ТМР машина за исхрана на фармата и бокс за режење на папци.

 

 

„Веќе 7 месеци интензивно работиме на терен за воведување на еден иновативен начин за развој на локалната економија. Проектот со водечки македонски компании кои инвестираат во локалните сиинџиири на добавувачи. Во Пелагонија имаме остварено контакт со 4 компании од млечната ииндустрија. Со овие компании помагаме на околу 50-тина армери за да ги подобрат своите приноси на млеко, квалитетот на млекото, подобрени услови на хигиена на фарма, зголемени приноси на пченка и на силажа, се со цел да можат фармерите да ги зголемат своите фарми. Во наредниот период исто така ќе се работи на подобрување на здравјето на животните, како и пристап до финансииии за фармерите кои сакаат ии понатаму да инвестираат во сточарство. Пристапот е мошне битен бидејќи само на таков начин може да имаме одржлив економски развој, каде што компанииите инвестираат на терен во локалните добавувачи бидејќи битно е да се сопре тој тренд на континуиран увоз на репроматеријали во Македонија“, изјави Мирјана Македонска, директор на проектот во УСАИД.

 

 

 

Со 50% при набавката на оваа опрема учествува УСАИД, а во останатиот дел учествуваат неколку компании од земјоделскиот сектор и млечната индустрија. Целта е компаниите да инвестираат во земјоделците, а бенефитот потоа да биде и за двете страни.

 

„Концептот на Сано е да излези во пресрет на самите земјоделци во млечното говедарство. Бидејќи Сано продава замени за млека, супер концентрати и витаминско миинерални додатоци треба да се оди еден чекор понапред, а тоа е машината која се наоѓа позади мене, која што е важна за да се иима целосно измешан оброк за молзните крави. Тоа е исто така важно за да се има пред се здравје на самото жиивотно, а ако тоа е здрава имаме и поголема продуктивност. Овие машини во наредните 5 години остануваат во сопственост на фармерите. Целта е фармите да видат бенефит и да го зголемат нивниот профит за да можат да обезбедат овие машини понатаму да бидат во нивна сопственост“, рече Александар Христоски, претставник на фирма за производство на сточна храна.

 

„Млекара „Здравје“ произведува млеко кое е 100% добиено од македонските фармери. Македонските млекопроизводители се наши стратешки партнери и ние секоја иницијатива која е за подобрувањето на квалитетот и квантитетот на млекото ја поддржуваме. Ќе даваме лактофризери кои што ќе го одржуваат квалитетот на млекото, а исто така со советодавни услуги да се подобри квалитетот при самото измолзување“, вели Никола Иваноски, претставник на млекара.

 

 

Овој пилот проект во Пелагонија го спроведува ЛАГ Агро Лидер.

 

„Како клучен приоритет го идентификувавме развојот на млечниот сектор во Пелагонија и преку финансиска поддршка преку овој проект обезбедуваме советодавни услуги на фарма и набавување на опрема за неколку фарми. Се со цел да се гради социјална кохезија и соработка помеѓу фармерите и да се воспоставии соработка со откупувачите на млеко. Се надеваме дека ова грантирање ќе продолжи и понатаму, дека ќе имаме можност да се реплицира овој успешен пример на добра практика и на други фарми ии во други региони“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ Агро Лидер.

 

 

Од Општина Могила, каде се промовираше овој проект, очекуваат дека преку ваквите мерки ќе се зголеми сточнииот фонд во општината.

 

„Општина Могила е срцето на Пелагонија, тука се житариците, тука е полјоделството, но не помалку е застапено и сточарството. На нашата територија има околу 180 активни фирми од кои најголем дел се во делот на сточарството. Со овој проект дефинитивно им помагаме дииректно на оние што се занимаваат сточарство и секако ќе го помогнат развојот на идните компании“, изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на Могила.

 

Наскоро треба да пристигне и третиот дел од опремата, боксот за режење на папци кај говедата.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.