Пет лица се убиени и 20-тина се ранети во пукањето што се случи синоќа во редакција на весник во Анаполис, во сојузната американска држава Мериленд, недалеку од Вашингтон.
Полицијата соопштила дека едно лице е приведено во врска со злосторството. Американската агенција за контрола на огненотo оружје соопшти дека одговорила на пукањето во просториите на весникот „Капитал“.
Идентитетот на убиецот се уште не е откриен од полицијата, но повеќето медиуми известуваат дека станува збор за 38-годишниот Џарод Рамос, кој претходно го тужел весникот за клевета во 2012 година.
Уредникот на весникот Чејс Кук преку Твитер соопшти дека не се откажуваат и дека „утре ќе го објават проклетиот весник“.
Ова претставува најкрвавиот напад над новинари во САД.
111