Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп вечерва во домот за култура „Марко Цепенков“ одбележа 55 години постоење од скулпторскиот симпозиум во мермер. Ова е еден од најстарите скулпторски симпозиуми во мермер во светот и можеби единствен кој континуирано се одржува 55 години. Скулпторите кои доаѓаат тука најмногу се воодушевени од прилепскиот бел мермер Сивец. Досега се создадени над 200 скулптури, од кои 120 се монументални, парковски формат, кои се изложени во Прилеп, Битола, Скопје и други градови.
На свеченоста вечерва присуствуваа голем број уметници од цела Македонија и личности од јавниот живот. Меѓу нив и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец, директорот на театар Комедија од Скопје, Сашо Ристовски, новинарот и водител Огнен Јанески, генералната менаџерка на агенцијата „Марили“, Лидија Трипуновска и многу други.
Погледнете ги изјавите на дел од присутните гости и како изгледаше атмосферата на оваа свеченост.
ФОТО ГАЛЕРИЈА :