Комичен момент се случи на мечот меѓу Англија и Белгија, веднаш по голот на Аднан Јанузај, кој донесе предност и воедно триумф за „ѓаволите“ во дербито во групата на Светското првенство.
Офанзивецот на Белгија постигна одличен гол во мрежата на „Гордиот Албион“, а неговиот соиграч Мичи Батчуаји тргна да ја забие топката во голот. Додека се радуваше, силно ја шутна топката, но истата заврши во стативата, а потоа и директно во неговата – глава!
Don’t try this at home kids….. #ENGBEL pic.twitter.com/Q82nrZIm2c
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) June 28, 2018
На Интернет веднаш му фатија сеир на белгискиот репрезентативец, кој по ударот се држеше за главата, а потоа и тој се пошегува на своја сметка, на социјалната мрежа „Твитер“, каде напиша дека измсилил нов начин на прослава на гол.