ВИДЕО – Над 300 учесници денеска на „WHEN IN KRUSEVO“, вечер настапуваат Inner Circle

Над 300 учесници денеска беа дел аутдор фестивалот „When in Krusevo“ кој се организира по втор пат. Фестивалот е замислен како спој на забавата, спортот и културата. Денеска се одржаа 4 рекреативни тури, две планинарски и две за планински велосипедизам, долги 40 и 20 км. Учесниците исто така имаа можност да уживаат и во концертите и посетата на музеите. Вчера фестивалот го отворија Игор Џамбазов и Гуру Харе.

 

Организаторите очекуваат над 2.000 посетители на концертните активности .  Попладнево има активности  и на крушевското езеро како кајакарење, јога, кидс корнер за сите деца. За утре пак се предвидува одржување на планинска трка долга 22 км, и промотивни тандем летови со параглајдери на Мечкин Камен.

 

Погледнете каква беше атмосферата денеска во Крушево.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien